Одлука за завршена Е Акција

Сашка Цветковска го поднесе ова барање за слободен пристап до информации за Општина Кисела Вода

Одговорот на ова барање е со многу пречекорен рок. Според законот, под сите околности, Општина Кисела Вода требаше да одговори до сега (детали). Можете да се жалите така што барање на внатрешна ревизија.

Од: Сашка Цветковска

Почитувани претставници на Општина Кисела Вода,

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/ 1.2.2006 год.), ја барам следната информација од јавен карактер:

На ден 11/12/2013 во 13 часот требаше да се одржи Е Аукција за земјиштетото кај старата сапунара, некогашната фабрика за сапуни АЕРО. Со оглед на тоа дека на страницата на бирото за јавни набавки нема никаква информација за оваа аукција, а вработените во надлежните сектори одбиваат да комуницираат со медиоумите, бараме соглсно законите да ни доставите писмена информација/документ за завршена постапка за Е Аукција и одлуката. Во прилог подолу прочијте ги деталите од самиот оглас на општина Кисела Вода за ова земјиште.

Скопје - Кисела Вода / Изменување и дополнување на дел од ДУП:МЗ„ЦВЕТАН ДИМОВ-СЛАВИЈА“ (блокови 1,2,3,4,5,7,8 и 10) / 2.1

Слободна

Nov 14, 2013Објавено од admin_kiselavoda

Сопственост: Република Македонија
Процент на сопственост 100 %
Основ: За оттуѓување
Локалитет: Кисела Вода 1
Основна класа на намена: A2 Домување во станбени згради
Компатибилна класа на намена: B4 Деловни простори
Опис на класа на намена: Домување во станбена зграда, со компатибилни класи на намени Б4
Броеви на катастарски парцели: дел од 794/1
Површина на катастарска парцела: 4403.0m2
Површина на градежна парцела: 4403.0m2
Површина за градба: 2548.0m2

Вкупна развиена површина: 42517.0m2
Коефициент на искористеност: 10.0000
Процент на изграденост: 58%
Висина на венец: 57.5 m
Катност: П+7+Пк/П+17+Пк
Рок за изградба на објектот: 72месец
Рок за прибавување на одобрение за градење: 9 месец
Објекти:
Околина:
Од локален центар: 1 km
Од национален центар: Скопје 1 km

Други услови/обврски: 1. Банкарска гаранција во износ од 20.000 евра во денарска противвредност за серизност на понудата со рок на важност до 10.01.2014 година, со која понудавачот ќе гарантира доколку е избран за најповолен понудувач дека ќе ја уплати крајно постигната цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавното наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор. 2. Најповолниот понудувач е должен пред склучување на договорот за отуѓување на градежното земјиште предмет на оваа објава, во рок не подолг од 15 дена од завршувањето на постапката за јавно наддавање, да достави банкарска гаранција за навремено и квалитетно завршување на работите во износ од 20.000 евра, со рок на важност до крајниот датум за завршување со изградбата на градбите предмет на договорот за отуѓување на градежно земјиште, а во спротивно ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување, депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени, банкарската гаранција за сериозност на понудата во висина од 20.000 евра ќе биде активирана, а истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела. ДРУГИ ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ НА НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ 3. Најповолниот понудувач е должен на сопствен трошок да изврши отстранување на објектите 1, 9 и 10, кои влегуваат во рамките на градежната парцела и за кои е донесено одобрение за отстранување поради опасност од уривање.

Со почит,

Сашка Цветковска

Врска до ова

Работи кои може да се направат со ова барање

Секој:
само Општина Кисела Вода: