Молба за отварање на матична книга

Trajce го поднесе ова барање за слободен пристап до информации за Универзитет„ Св. Климент Охридски„ - Ректорат-Битола

Барањето е делумно успешно.

Од: Trajce

Delivered

Почитувани претставници на Универзитет„ Св. Климент Охридски„ - Ректорат-Битола,

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/ 1.2.2006 год.), ја барам следната информација од јавен карактер:
Јас Трајче Богев со постојано место на живеење Кавадарци, запишан на универзитет "Гоце Делчев" - Штип, во учебната 2016/2017 .
Поднесувам молба за отварање на матична книга, со цел за префрлување на Универзитетот св Климент Охридски - Битола , Економски факултет Прилеп .

Со почит,
Богев Трајче

Врска до ова

Од: Aleksandar Todorovski
Универзитет„ Св. Климент Охридски„ - Ректорат-Битола

Почитуван г-не Трајче Богов,

Ви благодариме за Вашето прашање и во прилог Ви даваме соодветен
одговорот, имено, во согласност со Правилникот за формата и начинот на
водењето (во материјална и електронска форма) и содржината на матичната
книга на запишани студнети и главната книга на дипломирани студенти
(Сл.весник на РМ бр.67/2011, 3/2012, 104/2012, 105/2016) постапката за
отворање на Матичната книга на запишани студенти е следнава: Прво Вие
треба да доставите Барање до Економски факултет-Прилеп со оправдани
причини зошто не сте можеле да се запишите на нашите објавени 4 уписни
рокови по Конурсот за прв циклус студии на УКЛО за академската 2016/2017
год. и неговите дополнувања. Како оправдани причини  поради кои одредени
студенти не успеале да се запишат во матичната книга  во првиот термин на
затворање (а тоа е заклучно со 30.09.2016 год.) се наведени во член 14 од
цитираниот Правилник. Доставеното Ваше Барање со доказите, Економски
факултет ќе го препрати до Ректоратот на УКЛО, кое ние потоа со наш допис
го проследуваме до Министерството за образование и наука во Скопје, кои се
надлежни во делот на давање писмена согласност, односно решение потпишани
од ресорниот министер кој ќе дозволи или не Ваш упис на нов студент.
Потоа, решението од МОН ќе стигни до Ректоратот, односно до Економски
факултет и дури тогаш тие ќе можат и формално-правно да Ви извршат упис
(со оригиналните сведителства и диплома од средно образование, извод на
родени, државјанство, како и други документи кои ќе Ви ги кажат од
Факултетот).
Се надеваме дека го добивте
​бараниот одговор
​.
Со почит,​

---------- Forwarded message ----------
From: Trajce <[1][FOI #243 е-пошта]>
Date: 2016-10-06 13:50 GMT+02:00
Subject: Барање за слободен пристап до информации - Молба за отварање на
матична книга
To: "Барања за Слободен пристап до информации од јавен карактер за
Универзитет„ Св. Климент Охридски„ - Ректорат-Битола"
<[2][Универзитет„ Св. Климент Охридски„ - Ректорат-Битола е-пошта за барање]>

Почитувани претставници на Универзитет„ Св. Климент Охридски„ -
Ректорат-Битола,

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до
информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр.
13/ 1.2.2006 год.), ја барам следната информација од јавен карактер:
Јас Трајче Богев со постојано место на живеење Кавадарци, запишан на
универзитет "Гоце Делчев" - Штип, во учебната 2016/2017 .
Поднесувам молба за отварање на матична книга, со цел за префрлување на
Универзитетот св Климент Охридски - Битола , Економски факултет Прилеп .

Со почит,
Богев Трајче

-------------------------------------------------------------------

Ве молиме користете ја оваа адреса за е-пошта за сите одговори на ова
барање:
[3][FOI #243 е-пошта]

Дали [4][Универзитет„ Св. Климент Охридски„ - Ректорат-Битола е-пошта за барање] е грешна адреса за слободен пристап до
информации барањето до Универзитет„ Св. Климент Охридски„ -
Ректорат-Битола? Ако да, Ве молиме контактирајте не преку оваа форма:
[5]http://slobodenpristap.mk/change_request...

Оградување: Оваа порака како и секој одговор кој ќе го направите ќе биде
објавен на интернет. Нашите политики за приватност и авторски права:
[6]http://slobodenpristap.mk/help/officers

Ако овој сервис ви е корисен за добивање информации од јавен карактер,
замолете го вашиот веб-администратор да направи врска до нас од вашата
организациска страна.

-------------------------------------------------------------------
--
м-р Александар Н. Тодоровски - администратор за додипломски студии
Сектор за настава, наука и меѓународна соработка
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола, Ректорат
 
Бул. 1-ви Мај бб , 7000 Битола, Македонија
тел.    +389 47 223 788, локал 131
факс  +389 47 223 594
моб. 071 217 415
e-mail: [7][email address]

References

Visible links
1. mailto:[FOI #243 е-пошта]
2. mailto:[Универзитет„ Св. Климент Охридски„ - Ректорат-Битола е-пошта за барање]
3. mailto:[FOI #243 е-пошта]
4. mailto:[Универзитет„ Св. Климент Охридски„ - Ректорат-Битола е-пошта за барање]
5. http://slobodenpristap.mk/change_request...
6. http://slobodenpristap.mk/help/officers
7. mailto:[email address]

сокриј ги наведените секции

Врска до ова

Работи кои може да се направат со ова барање

Секој:
само Универзитет„ Св. Климент Охридски„ - Ректорат-Битола: