Листа на народни кујни

Natasha Petkova го поднесе ова барање за слободен пристап до информации за Министерство за труд и социјална политика

Барањето беше успешно.

Од: Natasha Petkova

Delivered

Почитувани претставници на Министерство за труд и социјална политика,

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/ 1.2.2006 год.), ја барам следната информација од јавен карактер:

Листа на народни кујни

со податоци ажурирани до Септември 2015 година.

Со почит,

Natasha Petkova

Врска до ова

Од: Afrim Selimi
Министерство за труд и социјална политика

Согласно доставеното барање за пристап до информации од јавен карактер, кое се однесува на проектот народни кујни, односно листа на народни кујни со податоци ажурирани до месец септември 2015 година, Министерството за труд и социјална политика Ве известува дека проектот Народни кујни започна да се имплементира во 2007 година, како определба на Владата на Република Македонија во насока на потпомагање на старите и возрасни лица и лица изложени на социјален ризик кои живеат во неповолни станбени и животни услови, преку обезбедување на еден оброк во рамки на проектот народни кујни.

Во досегашниот период, заклучно со месец септември 2015 година на територијата на Република Македонија, се отворени вкупно 49 народни кујни, и тоа во следниве општини: Штип, Велес, Неготино, Берово, Пехчево, Крива Паланка, Струмица, Куманово, Свети Николе, Битола, Делчево, Радовиш, Струга, Гевгелија, Валандово, Крушево, Виница, Кратово, Прилеп, Македонски Брод, Шуто Оризари, Кочани, Тетово, Бутел, Македонска Каменица, Кисела Вода, Чаир, Гази Баба, Кавадарци, Кичево, Пробиштип, Чашка, Центар, Дебар, Охрид, Злетово, Црник, Старо Нагоричане, Конче, Градско, Василево, Карбинци, Чешиново – Облешево (населено место Чешиново и населено место Облешево), Ранковце, Центар Жупа, Демир Капија, Другово (Кичево) и Зрновци.

прикажи ги наведените секции

Врска до ова

Работи кои може да се направат со ова барање

Секој:
само Министерство за труд и социјална политика: