Kопија од документација

Станислава Дончева го поднесе ова барање за слободен пристап до информации за Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство

Одговорот на ова барање е со многу пречекорен рок. Според законот, под сите околности, Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство требаше да одговори до сега (детали). Можете да се жалите така што барање на внатрешна ревизија.

Од: Станислава Дончева

Delivered

Почитуван господине Министер,

Почитувани претставници на Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство,
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/ 1.2.2006 год.), ја барам следната информација од јавен карактер:
Повеќе од половина година се обидувам да дознаам дали е легален ловот на кри кри јрец (Capra Aegagrus Cretica) во Македонија.
Министер Михаил Цветков одговори на мое барање до Секторот за шумарство и ловство 02-232/3 од 23.01.2017 година ме известува дека "за животни од видот кри крие јарец Министерството за земоделство, шумарство и водостопанство - Сектор за шумарство и ловство, согласно Законот за ловство нема издадено дозвола за увоз вото Република Македонија."
На веб сајтот на Слободан пристап - http://www.slobodenpristap.mk најдов друго барање од грчки државјанин, кој исто како мене се интересира за увоза на овој вид животни. Во Бр. 03-134/2 од 09.05.2017 година в.д. Директор Билен Сальjи официјално одговара дека кри кри jарец го има вото неколку ловища и е легално увезен од Грциjа.
1. Во врска со Чл. 10, (1) и (2) од Законот за ловството во Македонија, ве молам да ми испратите копија од стручната документација доставена од наставно–научна институција, што ја овластил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за Внесување алохтони видови дивеч во ловишта: "Шешково", "Лакавица" и секое друго стопанство кое има овој ловен вид.
2. Ве молам да ми испратите копија од потврда за потеклото и потврда за ветеринарен преглед од ветеринарен инспектор согласно Член 64, (1-5) на увезените и ловени кри кри јарци вото Македонија, ветеринарна дозвола за увоза на животните.
3. Ве молам да ми испратите копија од трофейните листови на сите ловени кри кри јарци вото Македонија.
4. Врз основа на наведените погоре прашања и контрадикторноста на одговори Бр. 02-232/3 од 23.01.2017 година и Бр. 03-134/2 од 09.05.2017 година, Ве молам да ми одговорите повторно дали овој ловен вид - кри кри јарeц (Capra Aegagrus Cretica) има сите дозволи за внесуване во Македонија и дали се лови легално согласно Законот за ловството во Република Македонија?

20.06.2017 година Со почит:
София Станислава Дончева

Врска до ова

Работи кои може да се направат со ова барање

Секој:
само Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство: