Компании во индустриска зона Чојлија

Петар го поднесе ова барање за слободен пристап до информации за Дирекција за технолошки индустриски развојни зони

Барањето беше успешно.

Од: Петар

Delivered

Почитувани претставници на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони,

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/ 1.2.2006 год.), ја барам следната информација од јавен карактер:

Колку и кои фирми досега имаат направено свои погони за работа во индустриската зона Чојлија?

Со почит,

Петар

Врска до ова

Од: Lazar Vasilev
Дирекција за технолошки индустриски развојни зони


Attachment Obrazec za Baranje 2014.doc
31K Download View as HTML


Почитувани,

Во врска со вашиот Е-маил со кој барате информација повикувајки се на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ве информираме за следното:

Член 16
(1) Видот и формата на образецот на барањето за пристап до информациите го
утврдува Комисијата и имателот на информацијата е должен да го обезбеди
образецот на барателот.
(2) Барањето содржи назив на имателот на информацијата, личното име и
презиме на барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или
ополномоштеното лице, фирмата или правното лице.
(3) Во барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да
се запознае и на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната
информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис).
(4) Барателот не мора да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека
се работи за барање за пристап до информации.
(5) Ако според предметот на барањето произлегува дека се работи за барање за
пристап до информации согласно со овој закон, имателот на информацијата
задолжително го разгледува барањето во согласност со овој закон.

Со оглед дека во вашиот Е-маил не се содржани основните елементи (погоре наведени) кои се предвидени по законот на кои се повикувате а во интерес да бидете информирани и да го остварите своето право ви ја нудам мојата помош за постапката и информациите со кои располагам.
- Веднаш да ви одговорам иако нема званична форма вашиот допис дека Дирекцијата за ТИРЗ не располага со информација за индустриска зона Чојлија од причини оваа зона не е во надлежност на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони.

- “информација од јавен карактер” е информација во која било форма која ја
создал и со која располага имателот на информацијата, односно со неа располага
само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности (во
натамошниот текст: информација)

Воедно за да ви помогнеме да ја добиете бараната информација направивме Интернет истражување за постоењето на индустриска зона Чојлија, при што најдовме податоци дека во Општина Петровец постои оформено зона со назив Ќојлија за лесна незагадувачка индустрија. Претпоставуваме дека е тоа индустриската зона Чојлија која е предмет на вашето интересирање.Ако е предмет на интересирање оваа зона потребно е да го пополните Образецот на барањето за пристап до информациите наведен во членот 16 кој ви го доставувам во Прилог со потребните елементи во него и да го доставите до:

Oпштина Петровец
ул.„1„ б.б. (02) 2562-239

службено лице:
Ангелија Костадиновска
e-mail: [email address]

листата на информации од јавен карактер се наоѓа на:
http://www.petrovec.gov.mk

Се надевам дека со ова ви помогнав да дојдете до бараната информација. Ако имате потреба од помош при пополнување на Образецот на Барањето на располагање сум да ви помогнам.

Со почит,
Службено лице
Лазар Василев тел.02 3111-166

прикажи ги наведените секции

Врска до ова

Работи кои може да се направат со ова барање

Секој:
само Дирекција за технолошки индустриски развојни зони: