Активност на член на Совет на општина Велес

Димче Велев го поднесе ова барање за слободен пристап до информации за Општина Велес

Барањето беше успешно.

Од: Димче Велев

Почитувани претставници на Општина Велес,

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија бр. 13/ 1.2.2006 год.), ја барам следната информација од јавен карактер:
Колку е висината на вкупниот нето месечен надомест на членот на Советот г-дин Драган Димески и колку месечни исплати има примено во 2012 и 2013 годинава, во денари и преставено по месеци и настани, како и кумулативно? (се однесува и на член на совет, претставник на венчавки, работа во комисии, тела и сл.)
Копија од извадоци на Записници од седници од Советот на општина Велес во 2012 и 2013 година, со говори од членот на Советот г-дин Драган Димески.
Копија од извадоци на Записници од работи тела (постојани и времени) комитети, совети и други форми на тела оформени од Советот на општина Велес во 2012 и 2013 година.

Со почит,

Димче Велев

Врска до ова

Работи кои може да се направат со ова барање

Секој:
само Општина Велес: